Фудбал
ВИДЕО: Наполи го совлада Милан, „интериста“ ги одалечи од трката за титулата, Елмас доби 15-тина минути
Уште еднаш се покажа дека Милан тешко игра без Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот е повреден, па „Росонерите“ вечерва на домашен терен загубија од Наполи со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Политано во 49-тата минута. Со овој пораз Милан заостанува сега девет бодови зад лидерот Интер и се чини го губи здивот во трката за Скудетото. Интересно е тоа што Политано токму од Интер дојде во Наполи.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 75-та минута на местото на Зелински.
Голот на Политано вреден три бода на следниот ЛИНК.
Standings provided by SofaScore LiveScore