Фудбал
ВИДЕО: Реал Мадрид прв пат стигна подалеку во ЛШ од Кристијано Роналдо
Реал Мадрид заслужено славеше со 3:1 во пресметката со Аталанта, па со вкупни 4:1 се пласираше во четвртфиналето во ЛШ. Интересно е тоа што „Кралевите“ за прв пат дојдоа до оваа фаза без Кристијано Роналдо во составот. Како што е познато пред две сезони тој пристигна во Јувентус, а Реал без него беше елиминиран порано во 2019-та и 2020-та. Претходно исто така ова се случи од 2005-та до 2009-та. Интересно е тоа што Реал Мадрид на овој начин го прекина „проклетството“ наречено Роналдо, а самиот Португалец за прв пат по долги години нема да игра во четвртфинале. Како што е познато тој и Јувентус се елиминирани од Порто.
На вториот синоќешен меч Манчестер Сити со 2:0 славеше над Борусија Менхенгладбах. Со овој резултат заврши и првата пресметка, па тимот на Пеп Гвардиола со 4:0 се пласираше помеѓу осумте најдобри екипи во Европа.