Фудбал
Голманот на Тотенхем по елиминацијата од Динамо Загреб: Ова е срамота!
Голем успех постигнаа македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, откако со нивниот Динамо Загреб славеа на реваншот со 3:0, па со вкупни 3:2 го елиминираа големиот Тотенхем на Жозе Мурињо во осминафиналето од Лига Европа.
Фантастичен меч одиграа фудбалерите на хрватскиот тим, а три гола постигна Оршиќ.
По елиминацијата се огласи и голманот на Тотенхем, Уго Лорис.
-Разочарани сме, и повеќе од тоа. Едноставно ова е срамота. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорно за овој срам. Што можам повеќе да кажам. Сите сме одговорни, горчлив е вкусот од ова што се случи, вели капитенот на Тотенхем.
Инаку, Жозе Мурињо по мечот влезе во соблекувалната на Динамо Загреб и со кус аплауз им покажа почит на противничките фудбалери за победата.