Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Турција игра како во транс, Халанд и Норвешка се „поклонија“

Селекцијата на Турција со максимални шест бода, односно две победи од два меча ги стартуваше квалификациите за пласман на СП, кое треба да се одигра следната година. Во првото коло на домашен терен ја совладаа силната Холандија со 4:2, а вечерва како гости ја прегазија Норвешка со една од најголемите млади ѕвезди Ерлинг Халанд. Турцие славеа со 3:0 благодарејќи на двата гола на Туфан и еден на Сојончу.

Турција и Црна Гора, која славеше против Гибралтар со 4:1 се на првите две позиции со максимални 6 бодови во оваа група, следуваат Холандија и Норвешка со по 3, а Латвија и Гибралтар се без бод.