Connect with us

Фудбал

Милан, па и баш не е во криза, ќе троши 100 милиолни евра за засилувања

Раководството на Милан ќе оди на сериозни финансиски инвестиции пред летниот преоден рок, пренесува „Фудбал Италија“.

Според изворот, клубот ќе добие 100 милиони евра за трошоци на трансфер пазарот. „Росонерите“ наводно гледаат на неколку играчи како потенцијални засилувања, посебно ако се избори учество во Лигата на шампионите.

Милан е втор на табелата во италијанската Серија А со 59 бода по 28 натпревари.

Во изминатиот период се појавија информации во Италија дека тимовите, меѓу кои и Милан се тешко погодени од ковид кризата, пред се финансиски.