Фудбал
ВИДЕО: Фудбалски судија во Србија осуден на 15 месеци затвор, но доби и 10-годишна суспензија, наместил натпревар
Вишиот суд во Нови Сад, Србија го осуди на 15 месеци затвроска казна фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ од Јагодина. Одлуката е донесена по обвинувањата дека Обрадовиќ ја злоупотребил позицијата судија на мечот помеѓу Спартак и Раднички Ниш, па го фаворизирал домашниот тим. Со истата првостепена пресуда, на Обрадовиќ му е изречена мерка забрана за вршење на функцијата судија на сите мечеви. Според таа одлука, нема да може да ја извршува оваа функција во наредните 10 години.
Пресудата е првостепена и тој има право на жалба до Апелациониот суд. На спорниот меч Обрадовиќ досудил скандалозен пенал во корист на домаќините.