Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Бомба“ од Шпанија, Мино Рајола и таткото на Халанд пристигнале на преговори во Барселона?!

Шпанските медиуми објавија фотографии од менаџерот Мино Рајола и таткото на Ерлинг Халанд, Инге,  на аеродромот во Барселона и тврдат дека пристигнале на преговори со првиот човек на тимот Жоан Лапорта. Веќе подолго време Халанд се поврзува со трансфер во Барселона, а се чини дека преговорите за младиот напаѓач помеѓу двете страни веќе почнале. Сепак, покрај Барселона, неговиот менаџер Мино Рајола ќе има разговори и со други заинтересирани тимови. Во редот чекаат Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ.