Connect with us

Фудбал

„Лавот“ Адеми за победата против Германија: Кога во нешто веруваш, можеш и да го oствариш

Играчот за врска Аријан Адеми, кој во изминатиот период покажа дека е вистински „лав“, играше и со повреди, но никогаш не се откажуваше да влезе на теренот и да се бори за репрезентативниот дрес.

Тој учествуваше при првиот погодок за Македонија против Германија, а беше асистент на вториот. Вели кога веруваш во нешто, тогаш можеш да го исполниш.

Голема победа за сите нас. Верувавме во тоа и заслужено победивме. Кога во нешто веруваш, тогаш можеш и да го оствариш. Имаме одлична генерација. Свесни сме за нашиот квалитет и тоа е најважно за нас. За нас беше значајно да им покажеме на сите дека може да победуваме и против големи репрезентации. Мислам дека сега ќе ни биде полесни против Австрија, Украина и Холандија на Европското првенство”.