Фудбал
Таткото и менаџерот на Халанд во Барселона на преговори, се огласи и Борусија Дортмунд
Шпанските медиуми објавија „бомба“, видео и фотиграфии, од пристигнувањето на менаџерот на Халанд, Мино Рајола и неговиот татко Инге на аеродромот во Барселона. Тврдат дека стартувале почнетите преговори за трансфер на 20годишниот фудбалер на „Камп Ноу“. Но, се огласија и од неговиот клуб Борусија Дортмунс.
-Вчера телефонски разговарав со Раиола. Јасно му ја кажав нашата позиција дека не сакаме да го продаваме Халанд ова лето, изјави спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк.
Халанд се поврзува со Барселона подолго време, но сепак во редот на заинтересираните клубови се Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Сити и ПСЖ.