Фудбал
Зидан: Пенал за Барселона? Секој има право на свое мислење
Покрај победата во Ел Класико, тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан вели дека се уште е рано за било каква прослава бидејќи до крајот на сезоната има уште многу да се игра. Како што вели тој, фудбалерите мора да издржат во исто темпо до крајот.
-Се уште крајот е далеку. Мораме да се одмориме сега, не знам како ќе издржиме до крајот на сезоната. Физички со при крај со силите, вели Зидан.
Тренерот на Реал го коментираше и моментот за кој Барселона тврди дека имало пенал и дека се оштетени која во казнениот простор беше соборен Брајтвајт.
-Секој има право на свое мислење. Но, ако судијата не досудил пенал, тоа е поради тоа што го немаше. Не може да се каже дека судиските одлуки биле пресудни за исходот на мечот, вели Зидан.