Фудбал
ВИДЕО: Сите зборуваат за трката на Атлетико, Реал и Барса, но во врат им дише еден клуб и тоа како е блиску
Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона се трите клубови кои изминатиот период се наметнаа како најсериозни кандидати за титулата. Речиси и да не се спомнува уште една екипа која им дише во врат на овие три гиганти. Тоа е Севиља, која продолжува со одличните партии. На последните осум меча овој тим забележа седум победи и едно реми. Вечерва славеше против Гранада со 2:1 и собра 70 бодови, еден помалку од Реал и Барса, а три од Атлетико Мадрид. Ракитиќ и Окампос погодија за Севиља, додека за Гранада стрелец беше Солдадо. Останува да се види дали во последните пет кола Севиља има сили да им ги поремети сметките на трите големи клубови.
До крајот имаа тежок распоред, играат со Билбао, па со Реал Мадрид, потоа следуваат дуелите со Валенсија, Виљареал и Алавес.