Connect with us

Фудбал

Политичка, но и бизарна причина-Марсело може да го пропушти реваншот со Челзи

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Челзи (1:1) по кој ќе биде познат финалистот, ќе се одигра наредната среда во Лондон. Реал, на овој меч би можел да биде без Марсело.  Како што пишуваат шпанските медиуми тој во вторник треба да биде во комисијата на регионалните избори во Мадрид.

Реал, кон Лондон, ќе се упатат во вторник, а Марсело поради „корона ограничувањето“, нема да може в среда сам да пристигне во англиската престолнина.

Од Реал веќе ја започнале процедурата за ослободување на Марсело, со надлежните органи.

Пред две години слични проблеми имаше голманот на Леванте, Аитор Фернандес, кој мораше да си ја изврши должноста и беше заменик на Изборната комисија во родниот град во Баскија.