Фудбал
Нема Лига на шампиони, ќе го нема и Кристијано Роналдо
По девет години, Јувентус е симнат од тронот. „Старата дама“ не супеа да ја освои 10-тата титула во низа, а виновник за тоа е токму тренерот со кој почна оваа деветгодишна низа, Антонио Конте, кој со Интер годинава е првак.
Но, освен тоа што Јуве ја загуби титулата, постои голема веројатност да не обезбеди ниту пласман во ЛШ. Во моментов се наоѓа на петтото место со 69 бодови, еден помалку од Наполи (70), а два од Милан (72) и Аталанта (72).
Италијанските медиуми пишуваат дека ако следната сезона нема Лига на шампиони за Јувентус, тогаш ќе го нема и Кристијано Роналдо. Поради високите примања, „Старата дама“ не може да си го дозволи Португалецот, кој веројатно исто така ќе донесе одлука да се раздели со Јуве, ако не обезбеди пласман во ЛШ.