Connect with us

Фудбал

Пандев сака да го повлече тимот од Прва лига, а претседателот на ФФМ, Сејдини сече ленти во Струмица

Дел од фудбалските клубови во Првата и Втората македонска лига го бојкотираа неодамнешниот избор за претседател на ФФМ бидејќи сметаат дека куќата на фудбалот треба да го усогласи својот Статут со Законот за спорт, според кој клубовите треба директно да делегираат делегати на Собранието кое, пак, го избира раководството. ФФМ, засега неофицијално, не гледа причина да го менува својот Статут бидејќи смета дека не е во судир со Законот за спорт

Од клубот на Горан Пандев, Академија Пандев, велат дека македонскиот интернационалец размислува да се повлече од Првата македонска лига. Контра ставот на ФФМ е и шампионот Шкендија од Тетово, објави порталот „360 степени“.

Агенцијата за млади и спорт е на страната на клубовите, но засега не успева да го убеди ФФМ да го смени Статутот. Директорот, Наумче Мојсовски, вели дека веќе имаат сознанија за нерегуларности и во сегашниот систем на избори во ФФМ

Актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига е при крај. Но, надвор од терените се разгорува друг „дуел“. Голем дел од клубовите бараат тие да го имаат главниот збор во Фудбалската федерација на Македонија, како што велат дека предвидува Законот за спорт.

Од друга страна, пак, во моментите кога Академија Пандев отворено застана против ФФМ, Мухамед Сејдини пушти во употреба терен со вештачка трева токму за овој клуб.

Проектот за целосна изградба на теренот со вештачка трева чини 280.000 евра, а нашата федерација средствата ги обезбеди преку Хет-трик програмата на УЕФА.

На официјалното отворање на теренот за Академија Пандев беа присутни раководните луѓе на ФФМ, предводени од претседателот Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и претставникот на Академија Пандев, Мартин Алаѓозовски.