Фудбал
Алиоски за ФИФА: Нашата следна цел е Катар, подобри сме од Романија, Исланд, зошто да не играме на Светско првенство
Македонскиот репрезентативец Еџан Алиоски во интервју за порталот на ФИФА зборуваше за неговата кариера, за пласманот на ЕП, но вели дека следната цел е Мундијалот во Катар.
-Како што секое дете што го сака фудбалот, така и јас пораснав сонувајќи дека еден ден ќе играм на големо натпреварување – Лига на шампиони, Европско првенство, Светско првенство…Едната желба ми се оствари, па сега ќе се борам за настап во Лигата на шампионите и на Светското првенство. Со победата над Германија мора да веруваме дека можеме да се пласираме на Светското првенство во Катар. Според мене Македонија е поквалитетна од Романија, Исланд и од другите селекции во групата. Следен чекор на Македонија е пласман на Светско првенство“, рече Алиоски.