Connect with us

Фудбал

Изненадување, Јувентус почнал преговори со Гатузо

Иако Масимилиано Алегри минатата недела беше фотографиран на ручен со челници на Јувентус, па се спомнуваше дека ќе се врати на клупата на овој тим, сепак нови информции од Италија. „Тутоспорт“ тврди дека „Старата дама“ почнала преговори со Џенаро Гатузо.

Тој по лошиот и променлив старт успеа да ја стабилизира играта на Наполи, кој сега се наоѓа на третото место на табелата.

Гатузо на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи, а раководството на Јуве смета е дека е вистински избор за позицијата. „Тутоспорт“ тврди дека Кристијано Роналдо се согласил со идејата Гатузо да биде тренер.