Connect with us

Фудбал

Се подготвува голема размена, Левандовски заминува

Роберт Левандовски се чини дека го надмина Баерн Минхен. Веќе собори многу рекорди во овој тим, освои се што можеше да се освои, па време е за нови предизвици. Наводно сакал да замине. Неговата следна дестинација би можела да биде Челзи. Имено, тренерот Томас Тухел го сака Полјакот и смета дека тој би го донел квалитетот потребен тимот да се бори за титула во Премиер лигата. Како дел од тој трансфер во Минхен би требало да замине Тимот Вернер, големата надеж на германскиот фудбал, која никогаш не ги оправда до крај очекувањата откако дојде од Лајпциг. Вернер е платен 50 мииони евра, а неговата статистика и 12-те голови воопшто не одговара на парите за кои е платен.