Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Веднаш на стартот с*ање! Тренерот на Верона збесна кога во живо го обвинија дека одиграл за Јувентус, а против Наполи

Верона ремизираше со Наполи, фудбалерите по мечот во соблекувалната славеа како тие да ја освоиле лигата, иако од натпреварувачки карактер овој дуел за нив немаше значење. Сепак, овој резултат му одеше во корист на Јувентус. Токму благодарејќи на ремито на Наполи против Верона, „Старата дама“ во последното коло успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. По, мечот тренерот на Верона Иван Јуриќ беше гостин преку линк во емисија на „Скај Спорт“. Новинарот Масимо уголини инсистираше дека Верона против Наполи навистина одигра како да им беше многу важен мечот, па го обвинија дека неговиот тим одиграл за Јувентус.

-Вечерва пресудивте кој ќе оди во Лигата на шампионите. Наместо Наполи, таму го испративме Јувентус. Вашата Верона вечерва беше многу поинаква од изданијата кои ги гледавме изминатите недели. Колку тешко ви беше….Прашуваше новинарот, но беше прекинат од Јуриќ.

-Веднаш на почетокот огромно с*ање! Морате да ја почитувате Верона. Не можете така да зборувате за нас. Морате да покажете почит. Дали ви е јасно? И морате да ги гледате мечевите на Верона во текот на целата сезона!

Новинарот сакаше да го заврши прашањето, но Јуриќ ги прекина.

 -Нема, нема вие ношто да завршите. Не сакам да зборувам со вас, бидејќи не покажувате почит. Дали ви е јасно! Нема да ви дозволам бидејќи не ме почитувате, нервозно зборуваше Јуриќ.

 -Не ми давате да поставам прашање само заради тоа што Верона денеска одигра поинаку, од претходните мечеви?

 Поради ова тренерoт на Верона потполно збесна.

 -Доста, заминувам! Не ја земавте в предвид состојбата во која Верона се наоѓаше во последно време. Немате почитување. Не прикажувате погрешно и лошо. Нашата екипа секогаш даваше се од себе. Вашиот став и начин на поставувањето на прашањата е погрешен. Само во Италија е можно вака да се сомневате. Морате да ми се извините поради вашиот срамен обид. Веднаш да ми се извините, порача Јуриќ, а потоа веднаш го напушти просторот за интерјвју.