Фудбал
Нејмар и Барселона конечно се договорија!
Неколку недели пред да се пресели во ПСЖ, Бразилецот Нејмар ги договорил личните услови со францускиот тим. Меѓутоа, претходно потпишал нов договор со Барселона. Една од клаузулите во тогашниот договор со Каталонците беше и дека мора да му исплати 22 милиони евра за „вероност кон клубот“, а иако тој договор беше на сила само десетина дена, тој се пресели во ПСЖ.
Барселона одби да му ги исплати тие пари, па Нејмар одлучил да тужи. Сепак и Барселона не седеше мирно, па го тужеше Нејмар и бараше 10 милиони евра бидејќи зад грб преговарал со ПСЖ.
Преписките на Нејмар со тогашното поранешното раководство траеше две години. Но, се чини дека се е сменето откако Лапорта стана нов претседател. Шпанските медиуми објавија дека Лапорта е решен да го реши проблемот.
И Нејмар е спремен на договор кој ќе одговара на двете страни. Наводно се договориле да се откажат од судските рочишта и да постигнат меѓусебен договор. Тоа би значело наместо 22 милиони евра, Барселона да му исплати помала сума.