Connect with us

Фудбал

Заминал Зидан или останал, Реал Мадрид ќе го донесе фудбалерот на Баерн Минхен

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, кој важи за добро информиран во светот на трансферите, тврди дека без разлика на тоа дали Зидан ќе остане тренер на Реал Мадрид или ќе замине, „Кралевите“ ќе го ангажираат довчерашниот фудбалер на Баерн Минхен, Давид Алаба. Тој ќе пристигне во Мадрид како слободен фудбалер, бидејќи договорот со германскиот тим му истече. Наводно Алаба имал преддоговор со Реал уште од месец април.