Connect with us

Фудбал

Трајковски: Ние сме тим, фамилија, знаеме зошто сме тука, нема потреба да гледаме што зборуваат за нас

Напаѓачот Александар Трајковски вели дека репрезентацијата е еден тим, една фамилија, а за сите озборувања и случувања околу не обврнуваат големо внимание. Нивната цел е Европското првенство и само на тоа се фокусирани.

Ние сме тим, фамилија и затоа продолжуваме во насока да направиме добри резултати и на ЕП. Мора да се фокусираме, знаеме зошто сме тука и нема потреба да гледаме што зборуваат за нас. Ќе дојдат натпреварите против сите, па таму ќе покажеме колку вредиме, вели Трајковски кој притоа додава:

-Се чувствуваме одлично, ова е сон што сите го сонувавме да заиграме на ЕП. Сите што сме овде имаме огромна мотивација и мислам дека таму ќе го дадеме најдоброто и ќе покажеме дека заслужено сме на голем собир.

Првиот меч Македонија на ЕП го игра против Австрија на 13-ти јуни.