Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По пауза од 74 години се вратија во Премиер лигата, но освоија и 180 милиони фунти!

Екипата на Брентфорд по пауза од 74 години се врати во Премиер лигата. Во финалето од плеј офоот на Вембли славеа против Свонси со 2:0.

Најнапред Тоуни од пенал донесе водство во 10-та минута, а потоа Маркондес погоди за 2:0 во 20-та минута, што се покажа како конечен резултат.

Со оваа победа во финалето во плеј-фот и пласманот во најдобрата фудбалска лига во Абглија, Брентфорд заработи и 180 милиони фунти.
Минатата година беа исто така блиску, но во финалето беа поразени од Фулам.