Connect with us

Фудбал

ФОТО: Барселона го претстави второто засилување, младиот дефанзивец се врати дома

Откако и официјално го претставија Серхио Агуеро, еден ден подоцна, Барселона го претстави второто засилување за следната сезона. Исто како Аргентинецот, така и младиот дефанзивец Ерик Гарсија (20) доаѓа како слободен играч. Тој беше дел од Манчестер Сити, но ова лето му истече договорот и одлучи да се врати онаму каде што ја почна кариерата. Гарсија потпиша договор до 2026-та година, а Барселона веднаш стави клаузула од 60 милиони евра.