Connect with us

Фудбал

ФОТО: Сите дресови во центарот на Баку, а таму и нашиот со македонското сонце

Интересен детаљ пренесе УЕФА преку твитер налогот од главниот град на Азербејџан, Баку. Имено, на жици во еден кварт помеѓу зградите закачени се дресовите на сите селекции кои се дел од ова ЕП. Меѓу нив е и нашиот дрес со македонското сонце. Навистина прекрасно нешто, бидејќи за прв пат Македонија игра на едно големо натпреварување. Како што е познато, Баку ќе биде домаќин на групната фаза, односно таму ќе се играат мечевите Швајцарија-Турција, Велс-Швајцарија и Турција-Велс. Баку ќе биде домаќин и на еден меч од четвртфиналето.