Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонија со пораз од Австрија го започна Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го одигра својот прв натпревар на Европското првенство во Букурешт, а за противник ја имаа репрезентацијата на Австрија. Нашите Рисови започа да испишува нова страна во репрезентативниот фудбал. Најпрво се изборија за пласман на едно големо европско репрезентативно натпреварување, а сега со сите сили ке се обидат да забележат што подобри резултати и да обезбедат место во следната фаза од ова натпреварување.

Популарниот Мрме на теренот излезе со најсилниот состав. Момците покажаа дека можат да се надигруваат со било кого и одиграа одлично прво полувреме.

Во 18. минута од натпреварот Лајнер го отвори резултатот и му донесе водство од 1:0 на својата репрезентација. Австријците ја искористија првата шанса која ја создадоа за водство.

Во 22. минута од натпреварот Саша Калајџиќ имаше одлична шанса да зголеми на 2:0, неговиот удар беше лесен плен за Димитриевски.

Изедначувањето за нашата репрезентација додје во 28. минута од натпреварот, а голот го постига, кој ако не Горан Пандев. Ќе остане запишано во историјата дека првиот гол за Македонија на Европските првенства го постигна нашиот најдобар играч Гранде Пандев.

Во 37. минута Стефан Ристовски упати удар од далечина, но топката заврши над голот.

Во второт полувреме Македонија покажа уште подобра игра. Бевме добри во одбраната, а се истакна и Димитриевски кој одлично ги процени нафрлените топки на Австриците.

Во 63. минута од натпреварот Бобан Николов имаше одлична шанса за водство на Македонија, но сепак нњговиот удар го одбрани пеотивничкиот голман.

На спротивната страна, во 64. минута Грегорич имаше шанса за водство, но Столе маестрално го одбрани неговиот удар.

Во следните минути нападнавме со сите сили, создадовме одлично шанси но сепак не успеавме да дадеме гол.

Во 78. минута од натпреварот Грегорич по асистенција на Алаба ја затресе мрежата на Македонија за водство од 2:1 на Австрија.

На самиот крај на натпреварот Арнаутовиќ ги постави конечните 3:1 на