Фудбал
Бундеслигата започнува на 13 август со натпреварот Борусија – Баерн
Се одржа ждрепката за двојки за новата сезона во германската Бундес лига.
Сезоната започнува на 13 август, а титулата ја брани Баерн, кој во првото коло ќе биде домаќин на Борусија Моенхенгладбах.
Тоа ќе биде можност за сегашниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман, да дебитира на клупата на Баварците, а од друга страна, Борусија ќе има нов тренер.
Борусија Дортмунд на домашен терен ќе игра против Франкфурт, додека Лајпциг е домаќин на Мајнц.
Волфсбург ќе биде домаќин на Бохум, а Штутгарт ќе биде домаќин на Гројтер Фурт, нови членови на Бундеслигата.
Унион Берлин ќе ги одмери силите со Баер Леверкузен, Аугсбург со Хофенхајм. Арминија и Фрајбург се среќаваат во Билефелд, а Херта е домаќин на Келн.