Connect with us

Фудбал

Од среќа не знаеше што да прави: Песина стана хит на Интернет поради чудната прослава на голот

Репрезентацијата на Италија со многу мака успеа да се пласира во четвртфиналето на Европското првенство.

„Азурите“ блескаа во групната фаза на ова натпреварување и се очекуваше да немаат проблеми во осминафиналето против селекцијата на Австрија, но тоа не се случи.

Австријците пружаа фантастичен отпор на синоќешниот натпревар на Вембли, а беа поразени по продолженија со 2: 1. Италија очекуваше лесна победа и пласман понатаму, но тие покажаа слабости во својата игра за прв пат на ова ЕУРО.

Италијанците успеаја да го скршат отпорот на Австрија во продолженијата кога Роберто Манчини направи добри измени.

Шанса во второто полувреме, меѓу другите, имаа Матео Песина и Федерико Киеза кои успеаја да постигнат голови и со тоа да им обезбедат пласман на својата репрезентација во следната рунда.

Киеза го постигна првиот гол за 1:0, а вториот гол за Италијанците го постигна Песина, кој се најде во центарот на вниманието на јавноста поради начинот на кој славеше.

Песина очигледно не знаеше што да направи од среќа бидејќи е јасно колку му значи овој гол. Почна да трча по теренот, а потоа се фрли и насмеа многумина кои го следеа натпреварот.

24-годишникот се најде во италијанската репрезентација по одличната сезона што ја имаше во дресот на Аталанта.

Песина минатата сезона одигра 40 натпревари во сите натпреварувања за Аталанта, постигна четири гола и додаде две асистенции.