Connect with us

Фудбал

Ливерпул ќе заработи на играч кој не запиша ниту еден официјален настап

Ливерпул подготвува интересен излезен трансфер.

Имено, тимот од „Енфилд“ е пред крајот на договорот со Базел во врска со трансферот на Лиам Милар, а „црвените“ треба да заработат два милиони евра.

Ништо не би било чудно да не беше играч кој нема официјален настап за „црвените“.

Значи, тимот од „Енфилд“ ќе заработи пари на играч кој нема официјален настап за тимот, што секако е интересна работа во светот на фудбалот.

Минатата сезона ја помина на позајмица во Чарлтон, пред тоа беше на позајмица во Килмарнок.

Интересно, споменатиот фудбалер има и 11 настапи за „А“ репрезентацијата на Канада, а во Ливерпул дојде во 2016 година од Фулам.

Челниците на Базел треба да се сретнат со играчот на крајот на овој месец за да ги договорат условите, по што трансферот би бил официјално реализиран