Фудбал
ФОТО: Скандалозно-Хрватска на ЕП играла со погрешен грб на дресовите
Селекцијата на Хрватска го заврши учеството на ЕП со пораз од Шпанија со 5:3 по продолженија. Се покажаа коцкестите во добро светло, но на крајот загубија од расположената Шпанија. Сепак, голем дел на хрватските и балканските медиуми денеска пишуваат за скандал со оваа селекција. Имено, Хрватска сите мечеви ги одиграла со погрешен грб на дресовите. Ова го потврди и тамошниот фудбалски сојуз. Имено, грбот, популарната „шаховница“ на Хрватска почнува прво со црвено квадратче, односно боја, а на овие што играше селекцијата почнува со бели квадратчиња. Ова второто е усташки симбол, односно на НДХ (Независна Држава Хрватска). Се огласи и тамошниот фудбалски сојуз.

-Сите обележја на спортската опрема на хрватската фудбалска репрезентација ги прави компанијата Ситотисак Деколор, вклучувајќи ги и знаменцата на земјите за одредени мечеви. За жал се случи ненамерна грешка. Хрватскиот фудбалски сојуз ќе бара одговорност, а воедно се извинуваме на јавноста и на хрватските навивачи, стои во соопштението на тамошниот фудбалски сојуз.