Connect with us

Фудбал

Тотален распад во тимот на Франција: Ѕвездите се карале, Дешамп смирувал, во фокусот и мајката на Рабио

Франција, иако стигна на ЕУРО 2020 како главен фаворит за пехарот, сепак по осминафиналето замина дома. Швајцарија направи големо изненадување откако славеше на пенали. Регуларниот дел, односно по продолженијата два пати по 15 минути заврши без победник 3:3, иако Французите водеа со 3:1.

Неколку дена подоцна детали од таборот на Франција. Дел од медиумите пишуваат дека имало жестоки кавги помеѓу ѕвездите, а селекторот Дешамп се обидувал да ја смири ситуацијата.

По продолженијата Погба бил лут на Коман и не му било јасно зошто не ја напушта играта иако бил повреден. Дешамп морал да влета и да ја смирува ситуацијата. Брзо потоа го извади Коман од игра.

Состојбата да биде полоша, кавга имало и на трибините. Во главна улога била мајката на Рабио која се карала со браќата на Погба. По, ова и со семејството на Мбапе и порачала дека нивниот син бил виновен за се.

Воедно, според одредени информации, Варан бил во кавга со Бенјамин Павар, бидејќи првиот бил незадоволен како неговиот тимски колега игра во одбраната.