Connect with us

Фудбал

Јувентус се уште не преговара со Роналдо, еден клуб подготвил астрономска плата

Судбината на Кристијано Роналдо е една од главните теми во европскиот фудбал. Според голем број медиуми, неодамна Португалецот го известил својот менаџер дека сака да замине до Јувентус и наводно кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Сепак, тоа нема да биде така едноставно, како што замислил Роналдо.

Иако преговори се уште нема, сепак планот на неговиот агент Жорге Мендеш е Роналдо да го продолжи договорот со Јувентус на уште една сезона, но веројатно ова нема да му се допадне на фудбалерот. ПСЖ ја следи ситуацијата будно, а наводно подготвиле 33 милиони евра плата по сезона на Роналдо. Во моментов тој во Јувентус има 31 милион евра плата, а нов договор би значело намалување на платата.

Со оглед на тоа дека е при крај на својата кариера, веројатно Роналдо има поинакви планови од својот менаџер.