Фудбал
Мурињо за прв пат зборува за најголемата дамка во неговата тренерска кариера: „Искрено жалам за тоа“
Жозе Мурињо пристигна во Рим пред неколку дена каде беше официјално претставен како нов тренер на Рома.
Мурињо беше без работа неколку месеци откако доби отказ во Тотенхем, но потоа пристигна понуда од Рома која тој реши да ја прифати. Португалскиот стручњак даде и интервју по пристигнувањето во Рим, каде зборуваше за досегашната кариера.
Специјалниот навистина имаше многу неверојатни ситуации во неговата тренерска кариера досега. Сè започна кога тој успеа да го освои Купот на УЕФА и Лигата на шампионите со Порто, со што се претстави во фудбалскиот свет.
Потоа дојде во Челси со кого стана европски шампион, но шлагот на тортата се случи во 2010 година кога Мурињо ја освои тројка со Интер, и ги покори Италија и Европа.
По одличната сезона во Интер, Мурињо доби покана од Реал Мадрид, која едноставно не можеше да ја одбие. Сепак, работите не одеа како што очекуваше во кралскиот клуб затоа што Барселона во тоа време беше доминантна во Шпанија, но и во Европа.
Неговото прво Ел Класико играно на Камп Ноу во 2010 година беше првото фијаско бидејќи Барселона победи со 5:0. Следната година се случи скандал кој на некој начин го обележа Мурињо.
Португалецот стана најомразената личност меѓу навивачите на Барселона за време на хаос на теренот и расправија со тренерите на каталонскиот клуб, кога реши да го удри Тито Виланова на Ел Класико, односно да му стави прст во окото.
Неколку години подоцна Виланова почина по долго и тешко боледување, а потоа Мурињо беше уште повеќе под напад на навивачите на Барселона. Десет години подоцна, тој одлучи да зборува за сето ова.
„Додека бев во Реал, Барселона играше многу добро, но тие беа многу подобри во манипулацијата со судиите, нивните одлуки и критериуми“, рече Мурињо и додаде.
„Признавам вина за тоа што му го направив на Тито Виланова, тоа беше многу погрешно. Не требаше да го сторам тоа, а лошата слика што ја создадов за себе тогаш ќе ме следи засекогаш. Тито не стори ништо во врска со тоа и јас искрено жалам за тој грд потег“.
Тито Виланова почина на 25 април 2014 година, откако не успеа да го победи ракот по втор пат.