Фудбал
Бонучи го замолкна „Вембли“, Италија израмни
Италија се враќа во игра за пехарот на ЕУРО 2020. По мешаницата во казнениот простор на Англија, најдобро се снајде дефанзивецот Леонардо Бонучи кој во 67-ма минута ја смести топката во мрежата на Гордиот Албион. За потсетување, претходно со голот на Лук Шо по само две минути игра Англичаните водеа со 1:0.