Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Молк во Лондон, „земјотрес“ во Рим

По завршувањето на пеналите на финалето на ЕУРО 2020 солзи на двете страни. За едните тага, за други солзи радосници. Италија, по втор пат во историјата е европски првак. Пехарот го освои среде Лондон, на култниот „Вембли“, преполн со англиски фанови. Камерите покажуваат како им беше на англиските фанови во Лондон, а како прославија италијанските навивачи во Рим на плоштадот. Две сцени, две различни расположенија, две приказни. Но, тоа е фудбалот. Не може да има двајца победници.