Connect with us

Фудбал

Серие А донесе шокантна забрана која ќе стартува од 2022/2023

Челниците на Серие А донесоа одлука од сезоната 2022/2023 да се забранат настапите на клубовите во зелени дресови. Освен за дресовите, правилото ќе важи и за шорцови и чорапи во зелена боја. Одлуката била донесена на барање на телевизиските компании кои тврдат дека во ТВ преносите зелените дресови биле многу лоши и фудбалерите се губеле на екраните по теренот.

Оваа одлука секако ќе влијае врз клубовите Аталанта и Лацио, кои уште оваа сезона гостинските дресови ги промовираа како зелени. Секако најголем проблем е Сасуоло на чии домашни дресови доминира зелената боја. Во минатото и Јувентус и Фиорентина имаа зелени дресови кои ги користеа како трета варијанта.