Connect with us

Фудбал

Гол на Елиф Елмас, ќе го импресионира ли Лучиано Спалети?!

Наполи го игра првиот меч под палката на новиот тренер Лучиано Спалети. По првите 45-минути водат со огромни 7:0 против нисколигашот Беса Анауниа. Резултатот го отвори токму македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по само четири минути игра. Дали конечно македонскиот „дијамант“ ќе ја добие заслужената минутажа, каков што не беше случајот под водство на Џенаро Гатузо.

Ако се сеќавате Елмас дојде во Наполи на инсистирање на Карло Анчелоти, но откако тој замина, кај Гатузо беше во втор план. Дали со доаѓањето на Спалети, Елмас конечно ќе го покаже својот цел квалитет останува да се види.