Фудбал
Милан планира да донесе уште пет нови играчи
Според „Кориере дело Спорт“, Милан планира да потпише пет нови играчи на лето, а приоритет ќе биде замената за Хакан Чалханоглу.
По истекот на договорот со Милан, турскиот репрезентативец реши да се приклучи бесплатно во редовите на градскиот ривал Интер, па офанзивниот играч за врска е една од главните цели на „росонерите“ ова лето.
Како што стојат работите сега, најблиску до доведувањето е хрватскиот репрезентативец Никола Влачиќ и Милан работи на негов трансфер од ЦСКА Москва.
Росоњерите се подготвени да дадат пет милиони евра на позајмица и потоа да го откупат на крајот од сезоната. Русите би сакале 30 милиони, Милан нуди нешто помалку, па останува да видиме дали ќе постигнат конечен договор.
Покрај тоа, Милан бара еден играч за врска кој ќе биде резерва за Франк Кеси, па уште еден десен бек кој ќе биде конкурент на Давиде Калабрија и десно крило.
Мајк Маигнан, Оливие Жиру и Фоде Бало-Туре веќе пристигнаа во Милано, а купени се договорите на Брахим Дијаз, Сандро Толани и Фијачко Томори.