Фудбал
ВИДЕ: Бразил ја прегази Германија
Олимписката репрезентација на Бразил ја совлада Германија со 4:2 во првото коло од Група Д на Олимписките игри во Токио. „Кариоките“ водеа со 3:0 во првите 45 минути, а апсолутен херој е напаѓачот на Евертон, Ришарлисон. Тој постигна хет-трик по само половина час игра, а погодуваше во 7-ма, 22-ра и 39-та минута. Можеа Бразилците и со 4:0 на пауза, но промашија пенал.
Во продолжението Германија се врати резултатски преко Амири, но во 63-тата минута Арнолд заработи втор жолт картон и исклучување, па останаа со 10 играчи. Сепак, во 84-та минута и со играч помалку преку Аче постигнаа гол за 3:2, колку толку ја врати неизвесноста, на која крај и стави Паулињо во петата минута од судиското продолжение.
Во оваа група Д, Бразил и Брегот на Слоновата Коска имаат по три бода, додека Германија и Саудиска Арабија стартуваа со порази.