Connect with us

Фудбал

Мбапе ја донесе одлуката, пресуди пристигнувањето на Меси

Килијан Мбапе побара од раководството на ПСЖ да го пушти, откако стана јасно дека еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси, ќе пристигне во Париз.

И додека ПСЖ уверува дека Мбапе ќе остане и покрај фактот дека Меси ќе дојде кај нив, францускиот новинар Онурбија Рамос има информации кои велат дека Мбапе побарал да си оди.

Талентираниот француски репрезентативец е свесен дека нема да биде во преден план ниту ќе ја има улогата на лидер повеќе на теренот, и почувствува добра можност да игра во еден од великаните како Реал Мадрид. Затоа, неговиот трансфер во август е посигурен од било кога.

Сигурно е дека ситуацијата ќе ја следат англиските великани како Сити, Јунајтед или Челзи и Ливерпул, па ќе тргнат по Мбапе, додека богатите сопственици на ПСЖ ќе имаат нова „играчка“ и Мбапе и онака ќе падне во втор план.

Што се однесува до Меси, вчера стана јасно дека тој повеќе нема да го носи дресот на Барселона и многу брзо постигна договор со парижаните, кои летово формираа страшна екипа доведувајќи ги Меси, Донарума, Рамос, Вајналдум (сите бесплатно) и го купија Хакими од Интер.

Аргентинецот освои се што можеше со Барселона од 2004 година и многу фанови на каталонскиот клуб не можат да го прифатат фактот дека тој заминува.

Овие бројки на Меси се навистина нереални. Тој постигна дури 672 гола за Барселона, освои 34 трофеи, 10 Ла Лига и четири Лиги на шампиони, и држи многу рекорди и во шпанскиот и во европскиот фудбал.