Connect with us

Фудбал

Готово е, Меси потпиша двегодишен договор, плата од 35 милиони евра годишно

Крај на сите шпекулации и неизвесности. Лионел Меси потпиша договор со ПСЖ во траење од две години за плата од 35 милиони евра на годишно ниво. Има и клаузула во која се вели дека соработката може да биде продолжена за уште една сезона, односно до 2024-та година.

Пред два дена Меси со солзи во очите се прости од Барселона. Јасно беше дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, бидејќи ниту еден друг клуб не може во моментов да си го дозволи Аргентинецот, поради неговите финансиски припања. Впрочем, поради финансиските ограничувања на платите, Барселона реши да не ја продолжи соработката со иконата на клубот, бидејќи како што вели Лапорта, тоа ќе донесеше финансиски импликации поради кои клубот немаше да може да се опорави во следните неколку сезони.