Connect with us

Фудбал

ФОТО: Лукаку на аеродром, го напушта Милано и лета за Лондон-Наскоро ќе им се обратам на фановите на Интер

Ромелу Лукаку е фотографиран на аеродромот во Милано. Тој го напушта градот и се сели во Лондон, поточно во Челзи за 115 милиони евра. Неговата годишна плата во клубот каде што играше пред неколку години ќе изнесува 12 милиони евра.

Откако се појавија информации дека тој и неговиот менаџер инсистирале на трансферот, фановите на Интер се бесни и го уништија неговиот мурал во Милано. Тој на аеродромот кусо за „Скај Спорт“ порача дека наскоро ќе им се обрати на навивачите на Интер.