Фудбал
Дали знаете колку луѓе го следеа летот на Меси во Париз во живо?
На познатата страница „Flight Radar“, многумина го следеа движењето на авионот што од Барселона тргна кон Париз и во кој беше Лионел Меси со своето семејство.
Летот не траеше долго, но цело време дури 115.000 луѓе го следеа патувањето на Меси до Париз на нивните мобилни уреди или компјутери, каде што пристигна во околу 15:30 часот.
Трансферот на Меси во ПСЖ е бомба на годината, а голем број фанови на парискиот клуб го пречекаа Аргентинецот на аеродром.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња кратко им мавташе на насобраните фанови, а потоа следеа лекарски преглед и потпис на договор според кој ќе заработува 35 милиони евра по сезона.
115,000 people followed #Messi's flight from #Barcelona to #Paris #LeBourget #Flightradar24 pic.twitter.com/mKKjIWhnIO
— Rik (@rikdeprez1974) August 10, 2021
ПСЖ го „претстави“ Меси во видеото, но откри уште две важни работи
Лионел Меси од денеска е нов играч на ПСЖ.
Иако допрва треба да го заврши официјалниот дел, да помине лекарски преглед и да го потпише договорот, Парижаните веќе го претставија во видеото како нивно големо засилување.
Тој потпиша договор до 2024 година и пристигнува како слободен играч, откако 21 година беше член на Барселона каде освои 34 трофеи.
Деталите за договорот беа објавени порано, па не е тајна дека Аргентинецот ќе заработува 35 милиони евра по сезона со бонуси.
Покрај објавувањето на потписот на Меси за навивачите на ПСЖ со ова видео, некои заклучија и две други важни работи што можеа да се видат во споменатото видео.
Имено, евидентно е дека Нејмар ќе го задржи бројот 10, и дека Килијан Мбапе ќе игра заедно со Меси, иако имаше навестувања дека францускиот репрезентативец ќе се пресели во Реал Мадрид сега кога пристигна волшебникот од Розари.
Што се однесува до Меси, тој ќе избере помеѓу бројките 19 и 30, а „десетката“ му ја препушти на својот пријател Нејмар.
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 10, 2021