Фудбал
Неговиот дедо, татко, па сега тој, постигна гол во шокантното реми со Македонија и влезе во историјата на Исланд
Во средата Андри го одигра првиот меч за сениорската селекција на Исланд, а на ремито против Македонија (2: 2) го постигна првиот гол.
Со овој гол Андри влезе во историјата на Исланд. Тој е третиот член на семејството Гудјонсен кој постигнува гол за националниот тим. Пред него Арнор, неговиот дедо постигна 14 голови за националната селекција, а Едјур Гудјонсен, негов татко постигна 26 голови за селекцијата на Исланд. Андри Гудјонсен е член на младинскиот погон на Реал Мадрид и важи за голем талент на Исланд. Сите се надеваат дека ќе го надмине својот татко Едјур Гудјонсен кој првиот меч за селекцијата го одигра потив Андора во 1999 година.