Connect with us

Фудбал

Коронавирусот предизвикува проблеми за Црвена Звезда

Проблеми налетаа на ФК Црвена Звезда пред нови предизвици во српскиот шампионат.

Дуелот против Вождовац може да се одложи, а причината е коронавирусот што се појави во редовите на тимот од Маракана.

Медиумите во Србија пренесуваат дека се заразени Милан Борјан, Милан Гајиќ и младиот голман Милош Гордиќ, а покрај нив Александар Драговиќ, Милош Дегенек, Ненад Крстишиќ се позитивни на коронавирус.

Споменатите фудбалери се чувствуваат добро, а клубот чека одлука дали ќе мора да бидат во строг карантин, односно што ќе се случи со натпреварот за викендот.

Ова не е првпат во европскиот фудбал да се појават случаи на коронавирус во новата сезона. Во некои лиги, тимовите беа принудени да ги одложуваат натпреварите бидејќи повеќе од половина од тимот мораа да бидат ставени во карантин.

Некои натпревари во европските купови, како и Лигата на шампионите, исто така беа на удар.