Connect with us

Фудбал

Зидан го избра добитникот на Златната топка: „Неверојатен фудбалер, имав чест да го тренирам“

Добитникот на Златната топка, наградата за најдобар фудбалер на светот, ќе го дознаеме на 29 ноември.

Франс фудбал, кој ја доделува оваа награда, неодамна ги објави имињата на 30 кандидати за трофејот, а меѓу нив е и името на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Според многу експерти и реномирани фудбалски имиња, Бензема треба да ја добие наградата за најдобри во светот.

Истото мислење го има и поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Бензема ја заслужува Златната топка оваа година“, рече Зидан и продолжи:

„Тој е неверојатен фудбалер. Може да направи апсолутно се на теренот. Ја имав големата чест да го тренирам. Тој е на својот врв и се надевам дека ќе ја добие наградата“, рече Зидан.

Карим Бензема со години беше во сенка на Кристијано Роналдо во Реал, Лука Модриќ исто така ја доби наградата пред него и ќе видиме дали конечно дојде неговиот момент да покаже што знае.