Фудбал
Погледнете ја драмата, Македонецот заслужен за два гола и враќањето на великанот меѓу најдобрите (ВИДЕО)
Шалке обезбеди пласман во Бундеслигата, откако на домашен терен славеше со 3:2 против Сент Паули. Вистинска драма се случуваше на овој меч откако губеа со 0:2. Сепак до крајот на мечот успеаја да го свртат резултатот и стигнат до победата. Голема заслуга има и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Тој асистираше за голот за 2:2, а потоа ја почна акцијата за пресвртот и победничкиот гол од 3:2. Како што е познато Чурлинов игра како позајмен во Шалке од Штутгарт.