Connect with us

Фудбал

Стадионот со најпеколна атмосфера на светот, на кој ВАР се тресе, ама буквално (ВИДЕО)

„Не трепери, тропа“, е слоганот на стадионот со најпеколна атмосфера на светот. Тоа го покажа најновата ситуација со ВАР технологијата која буквално се тресеше додека судијата ја гледаше контроверзната ситуација. Таква атмосфера што се добива впечаток дека е земјотрес.

Екипата на Бока Јуниорс во рамките на аргентинскиот шампионат ја пречека екипата на Дефенсе и Жустисио, а во еден момент судијата беше повикан да погледне еден контроверзен детал.

Тогаш стадионот почна толку многу да се тресе што судијата мораше цврсто да го држи мониторот во раце за најдобро да ја види ситуацијата.

Во овој момент, еден стадион тешко може да се пофали со таква уникатна атмосфера како Ла Бомбонера.

Стадионот лоциран во Буенос Аирес има три скалести трибини, додека едната е рамна како зграда со оглед на улицата што е во близина.

Благодарение на својот необичен изглед, има совршена акустика, што го прави уникатен стадион во светот на фудбалот.

Изграден е во 1940 година. Досега е реновиран неколку пати, а сегашниот капацитет му е 57.000 седишта.