Фудбал
По 7 години и над 300 мечеви, ѕвездата заминува од Јувентус, теренот го напушти во солзи (ВИДЕО)
“Старата дама” ремизираше против Лацио на домашен терен (2:2) и се прости од своите навивачи. Јуве го очекува уште едно гостување кај Фиорентина со што ќе стави точка на оваа сезона. Јувентус синоќа имаше водство од 2-0 против Лацио, но во 95. минута од натпреварот остана без победа кога Сергеј Милинковиќ-Савиќ погоди за конечни 2:2.
Во центарот на вниманието по натпреварот беше Дибала, кој пред домашните навивачи го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус.
Аргентинскиот напаѓач излезе од игра во 78. минута и тогаш почна да плаче. Дибала во солзи го напушти теренот, додека останатите соиграчи се обидуваа некако да го утешат.
Paulo Dybala could not hold back the tears after playing his final home game for Juventus 😢❤️
(via @CBSSportsGolazo)pic.twitter.com/G4yJj3oNc9
— B/R Football (@brfootball) May 16, 2022
Потсетуваме дека Дибала на крајот од сезоната ќе го напушти Јувентус како слободен играч бидејќи не го продолжи договорот. Тој во овој клуб пристигна во 2015 година од Палермо и одигра речиси 300 натпревари.
Се уште нема официјални информации каде Дибала би можел да ја продолжи кариерата, а многумина шпекулираат дека тоа ќе биде во дресот на лутиот ривал Интер.
Пауло Дибала синоќа на стадионот Алијанц го одигра својот последен натпревар во дресот на Јувентус на домашен терен.