Фудбал
Култниот англиски тим во финале за пласман во Премиер лигата, но на прославата се случи скандал (ВИДЕО)
Нотингем го исфрли Шефилд Јунајтед во реванш-натпреварот од полуфиналето на плеј-офот на Чемпионшип со подобро изведување пенали откако двата натпревари завршија со резултат 1:2 во корист на гостинските екипи.
Јунак на победата беше Брис Самба кој успеа да им одбрани три пенали на играчите на Шефилд Јунајтед и со тоа да го одведе својот тим во финалето.
Откако Форест си го обезбеди местото во најскапиот натпревар на светот, следуваше инвазија од неколку илјади навивачи.
Во таа прилика беше виден голем скандал бидејќи еден од навивачите на Форест го „патосираше“ капитенот на Шефилд Јунајтед, Били Шарп.
Шарп стоел покрај теренот кога на него налетал навивач и со насилен и сосема непотребен потег го испратил на подот.
wow billy sharp pic.twitter.com/8bfdtGTred
— Grant (@GJackson1872) May 17, 2022
За ситуацијата да биде поскандалозна, агресивниот навивач го удри Шарп во глава и овој удар може да предизвика сериозни последици за напаѓачот.
Полицијата веднаш реагирала и уапсила 31-годишен маж обвинет за напад. Тој остана во затвор и ќе биде сослушан во текот на денот.
Инаку, Форест последен пат во Премиершип играше во 1999 година.
Финалето на плеј-офот е закажано за 29 мај на Вембли. Таму веќе се пласираше Хадерсфилд, кој го нокаутира Лутон. Инаку, Нотингем се смета за најстариот фудбалски клуб во Англија, а со тоа и во Европа. Формиран е во 1865-та година.
Пребројувајќи ги ТВ и комерцијалните права и приходите од продажбата на влезниците, победникот од финалето на плејофот ќе инкасира цифра од неверојатни 200 милиони евра, поради што овој натпревар го носи неформалното име на најскап натпревар.
Доколку победникот од финалето на плејофот успее да остане во Премиершип во првата сезона, тогаш ќе добие уште 100 милиони евра, а доколку отпадне, ќе му бидат исплатени 100 милиони во следните две години.