Connect with us

Фудбал

Анчелоти избра: Титула во ЛШ или Килијан Мбапе?!

Интересно прашање на прес-конференцијата доби тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. Новинарите побараа од него да избере помеѓу освојување на Лигата на шампионите и доведување на Мбапе.

Италијанскиот стручњак не размислуваше долго што да одговори.

“Ако навивачите ме прашуваат за Мбапе? Не. Мислам дека сите наши навивачи се фокусирани на финалето на Лигата на шампионите. Воопшто не размислувам за Килијан Мбапе. Нашата единствена цел е финалето во Лигата на шампионите. И престанете”, рече Анчелоти.